дигне
Види и:
крене (св.)
дигнат; дигни, дигнете; дигнав, дигнаа; дигнал; дигнат; дигнев, дигнеа; дигнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2510
1.
Помести некого или нешто од пониска на повисока положба.
Примери:
Го дигна детето.
Ја дигна книгата од подот.
Дигна раце.
2.
Исправи, постави нешто како што стои или како што треба да стои.
Примери:
Дигни го столот.
Слично со:
исправи (св.)
3.
Изгради, постави, подигне нешто на земјата, на подлога (куќа, монтажен објект, шатор).
Примери:
Многу брзо ја дигнаа куќата.
Слично со:
изгради (св.)
4.
Скорне некого што седи, што е на некое место.
Примери:
Ги дигна децата за да седне.
Го дигна од работа.
Слично со:
скорне (св.)
5.
Разбуди, скорне некого од спиење.
Примери:
Го дигнаа во три часот по полноќ.
Слично со:
разбуди (св.)
6.
украде, ограби
Примери:
Го запреле и му ги дигнале парите.
7.
Покачи, зголеми (цена, брзина).
Примери:
Многу ја дигнал цената на пиперките.
Слично со:
зголеми (св.)
8.
(се дигне) Се крене на повисоко.
Примери:
Гулабите се дигнаа до облаци.
Маглата се дигна.
Сонцето се дигна.
9.
(се дигне) Се исправи, потстане, стане.
Примери:
Одвај се дигна на нозе.
Детето се дигна на раце.
Слично со:
крене (св.)
10.
(се дигне) Се покачи, се зголеми (температура, притисок).
Примери:
Идниот ден му се дигна температурата на 40 степени.
Изрази
Дигне бунт (востание) - започне да се бунтува; започне востание.
Дигне врева - почне силно да се расправа.
Дигне глава - се охрабри; се побуни.
Дигне прашина - предизвика за нешто многу да се зборува, да се пишува.
Дигне раменици - покаже дека не знае.
Дигне чаша - наздрави.
Изведенки
1.
дигнува несв.
(се) дигнуваат
(се) дигнуваат
2.
дигнување ср.
глаг. им.
глаг. им.