бабуле

мн. бабулиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 57161
1. Меур на кожата полн со течност.
Англиски: blister Албански: fshikë
Употреба: Медицина
Примери:
Имаше мали бабулиња по кожата.
Надуено бабуле.
2. Меурот во кој се собира мочта во човековиот организам, мочен меур.
Англиски: bladder Албански: fshikëz
Употреба: Анатомија , Медицина
Примери:
Мочно бабуле.
3. Меур полн со воздух.
Англиски: bubble Албански: flluskë
Примери:
Бабуле од сапуница.