скара

мн. скари
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8706
1. Направа за печење месо.
Англиски: barbecue Турски: ızgara Албански: skarë
Употреба: Гастрономија
Примери:
електрична скара
скара на дрвен јаглен
2. Печено месо - ќебапчиња на таква направа.
Англиски: barbecue Турски: ızgara Албански: skarë
Употреба: Гастрономија , Преносно значење
Примери:
Во секое време добра скара.
3. Решетка пред буката за задржување на нечистотии кај воденица.
Употреба: Дијалектен збор