сила

мн. сили
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 351
1. Способност на живите суштества да произведуваат физички движења со напрегање на мускулите; физичко воздејство.
Англиски: strength Албански: forcë
Примери:
Немаше веќе сили.
Губи сила.
Ги напрега силите.
физичка сила
Со сила го исфрлија надвор.
Примена на сила.
2. Способност на човека да ги пројави своите умствени или духовни својства.
Англиски: power
Примери:
умствени сили
Со силата на својата волја.
3. Способност да се произведува некоја работа, енергија.
Англиски: force
Примери:
центрифугална сила
силата на Земјината тежа
силата на отпорот
4. правосилност, финансиска моќ
Англиски: power
Примери:
Има сила на закон.
куповна сила
платежна сила
5. Моќ, власт, авторитет; висок степен на пројавување нешто.
Англиски: authority
Примери:
силата на државата
силата на колективот
силата на навикот
со силата на аргументите
6. Степен, интензивност на пројавување нешто.
Англиски: strength
Примери:
сила на звукот
сила на ветрот
сила на талентот
силата на впечатоците
7. Извор за дејност, моќ, влијание.
Англиски: fortitude
Примери:
Братството и единството беше онаа сила што нѐ движеше напред.
Нема сила што можеше да го спречи тоа.
8. (обично мн.) Нешто што може да се јави како извор на некоја енергија.
Англиски: force
Примери:
природните сили
производителни сили
работна сила
жива сила
човечки сили
9. (обично мн.) Општествена група со некои карактеристични признаци или правец во својата дејност) реакционерни сили.
Англиски: force
Примери:
револуционерни сили
силите на мирот
темни сили
10. (само мн.) војска
Англиски: force
Употреба: Воен термин , Преносно значење
Примери:
вооружените сили
воздухопловните сили
сувоземните сили
11. Човек што има успех во одделна област; (мн.) истакнати дејци во дадена област; луѓе што чинуваат некој колектив, професија.
Примери:
Се појави нова сила во нашиот колектив.
млади научни сили
Изрази
(посл.) Кај има сила, нема правдина, правда.
(посл.) Во кого е власта, во него е и силата.
(посл.) Со сила убавина не бидува.
Законот е во сила - се применува, е во употреба.
Виша сила - непредвидливи околности.
Големите сили - водечките земји во поглед на економска и воена моќ.
Коњска сила (КС) - единица за мерење моќност.
Останува во сила - сѐ уште важи.
По силата на нештата - во фактичната состојба.
Производни сили - единство на сите фактори и услови на производството.
Со сета (полна) сила - со краен напор.
Според своите сили - колку може.