силикон

мн. силикони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 34169
1. Органско хемиско соединение со голема примена во индустријата за изработка на синтетички ткаенини, накит, делови за пластичната хирургија и др.
Англиски: silicone
Употреба: Хемија
2. Женски гради зголемени со додавање посебни додатоци од силикон.
Англиски: silicone breast
Употреба: Жаргонски збор
Изрази
Силиконска долина - назив за индустриско подрачје во Калифорнија, САД, каде што е развиена индустријата за електронски уреди, компјутери и сл.
Изведенки
силиконски прид.
силиконскиот
Пример: силиконски чип, силиконски гради, силиконски кит