рака

мн. раце
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 44
1. Секој од двата горни члена на човека; делот од зглобот до врвовите на прстите.
Англиски: hand Српски: рука Албански: dorë Бугарски: ръка
Употреба: Анатомија
Примери:
Останал на гробот со прекрстени раце.
Му бакна рака на попот.
Со нож в рака.
2. Човек како работник.
Англиски: man Албански: punëtor
Употреба: Преносно значење
Примери:
Минува низ многу раце.
Цврста рака се бара.
3. Како симбол на трудот за означување на квалитетот, вештината на некој мајстор.
Англиски: skill Албански: mjeshtëri
Примери:
Се гледа - уметничка рака.
вешта рака
4. власт, посед
Англиски: power Албански: pushtet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Избега од рацете на непријателот.
Тешко тебе ако се најдеш во негови раце.
5. Имотна состојба или општествена положба на некого.
Англиски: status Албански: status
Примери:
Тука има луѓе од секоја рака.
6. Момент, етапа при берење или обработка на нешто.
Англиски: flush Албански: etapë
Примери:
Го завршивме берењето на првата рака од тутунот.
7. помош, поткрепа
Англиски: help Албански: ndihmë
Примери:
Тука се очекува мојата рака.
Изрази
Во најмала рака - најмалку.
Во некоја рака (раце) на некого е (се наоѓа).
Врзан (фатен) е во рацете.
Врзе рацете некому - не може да делува.
Горе рацете!
Десна рака е некому - голема помош.
Дига (крева) рака - гласа со кревање рака.
Дига (крева) рака - дава знак со рака дека сака да зборува.
Дига (крева) рака на (против) некого.
Дига (крева) рака (раце) од некого или од нешто - се откажува.
Долна рака; дупена рака; здрава (тврда, цврста).
Извалка рацете, со крв.
Измие рацете - невин.
Има долги раце - големо влијание.
Има златни раце - добар мајстор
Има лесна рака - работи лесно и брзо.
Има лесна рака - по народното сфаќање - постави успешен почеток на нешто.
Има полни раце работа.
Мавне со рака - поздрави.
Минува низ раце(те) на некого.
Му се тресе раката (како на Евреин).
На брза рака; на своја рака.
Носи некого на раце.
Одврзе рацете некому - му даде слобода.
Од втора (трета и сл.) рака - од втор пат.
Оди, иде (се враќа), остане со празни раце;.
Оди некому од (по) рака.
Оди под рака.
Остане (како) без раце.
Падне в рака (раце) некому.
Плукне на рацете - се зафати за работа.
Под рака; подаде рака; појде од рака;
Полни очи - празни раце.
Пред, на рака (каже, направи и сл.)
Рака му цутела! - (благослов)!
Раката не е кантар, па да може точно сѐ да измери.
(посл.) Своја рака како што чеша, туѓа не може.
(посл.) Со гола рака змија не се фаќа.
Со две раце (со раце и со нозе) потпишува, гласа и сл.
Стави (тури, кладе) рака на нешто.
Изведенки
рачиште ср.
мн. рачишта