разгледа

разгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2865
1. Погледа нешто од сите страни.
Англиски: view Албански: shikoj
Примери:
Најпрво учениците го разгледаа градот.
Ги разгледавме знаменитостите.
2. Запознае се со нешто, проучи нешто.
Англиски: review Албански: shqyrtoj
Примери:
Ги разгледав највнимателно сите поважни прашања изнесени во статијата.
3. Претресе, прецени, опсуди - обично заради донесување решение или оценка.
Англиски: review Албански: rishikoj
Примери:
Комисијата го разгледа сиот материјал во врска со сторениот прекршок.