простор

мн. простори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 293
1. Празнина во која ги забележуваме сите предмети што нè опкружуваат чии својства се висина, должина и ширина; неограничено простирање во сите правци.
Англиски: space Албански: hapësirë
Примери:
Пред нив се простираше бескраен простор покриен со ниска трева.
Просторот од небото до планинските врвови беше исполнет со една прекрасна синевина.
2. Заедно со времето, еден од општите, основни облици или рамки на постоење на материјалниот свет, во кој секое нешто има свое определено место.
Англиски: space Албански: hapësirë
Употреба: Филозофија
3. Дел, парче од Земјината површина со различна големина.
Англиски: area Албански: zonë
Примери:
Просторот околу градот беше исполнет со шуми.
Војската секојдневно освојува нови простори.
4. Ограничено место во кое може да се смести нешто.
Англиски: room Албански: dhomë
Примери:
Магацински простор.
Во багажниот простор на авионот била поставена бомбата.
Изложбен простор.
5. Растојание, оддалеченост меѓу две или повеќе работи, лица, предмети и сл.
Англиски: distance Албански: distancë
Примери:
Просторот меѓу буквите (зборовите) треба да се намали.
меѓуклеточен простор
6. Празнина, со ништо исполнета шуплина, место.
Англиски: room Албански: dhomë
Примери:
Во плакарот нема повеќе простор за нови работи.
Во картотеката нема простор за нов материјал.
7. Физички универзум надвор од атмосферата на Земјата.
Англиски: space Албански: vend
Примери:
Леталото се најде во безвоздушен простор.
8. Просторија или место за определена намена.
Англиски: area Албански: zonë
Примери:
Работен простор.
Деловен простор.
Рекреативен простор.
9. Подрачје, област на некакво дејствување.
Англиски: area Албански: zonë
Примери:
Нов медицински простор.
Изрази
(војн.) Бришан простор - простор каде што нема заштита од оружјето на непријателот.
Воздушен простор - простор над територијата на една држава каде што, без дозвола не смеат да летаат туѓи авиони.
(спорт.) Казнен простор - дел од игралиштето пред голот каде што секој прекршок повлекува најстрога казна.
Станбен простор - големина на еден стан изразена во број на простории или во кубни метри.
(спорт.) Стартен простор - место каде што почнува некој натпревар.