Филозофија - категорија

парадокс повеќе

мн. парадокси
Вид збор: Именка, машки род
Неверојатно, неочекувано, наспроти здравиот разум, наспроти вообичаената (мисловна) претстава; привидна бесмислица, особеност, настраност, необична или чудна мисла или нешто.
Англиски: paradox Албански: paradoks

перфекционизам повеќе

(едн.) перфекционизмот
Вид збор: Именка, машки род
Сфаќање за религиозното и моралното совршенство.
Англиски: perfectionism

песимизам повеќе

(едн.) песимизмот
Вид збор: Именка, машки род
Во филозофијата - поглед проникнат од безнадежност, неверување во иднина.
Англиски: pessimism Албански: pesimizëm

платонизам повеќе

(едн.) платонизмот
Вид збор: Именка, машки род
Идеалистичка филозофија на античкиот филозоф Платон и на неговите следбеници.
Англиски: Platonism

плурализам повеќе

(едн.) плурализмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофско учење според кое светот се состои од множество самостојни суштини, супстанции.
Англиски: pluralism Албански: pluralizëm

позитивизам повеќе

(едн.) позитивизмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофски правец што го признава за корисно единствено егзактното истражување и утврдување на фактите, а ја отфрла секоја вредност на апстрактната мисловна дејност.
Англиски: positivism

позитивист повеќе

мн. позитивисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник на позитивизмот.
Англиски: positivist

позитивистички повеќе

позитивистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на позитивизам и на позитивист.
Англиски: positivistic

поим повеќе

мн. поими
Вид збор: Именка, машки род
Севкупност на општи карактеристики и својства на предмети или појави изразени како единка.
Англиски: notion Албански: term, nocion

прагматизам повеќе

(едн.) прагматизмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофско утилитаристичко учење според кое вистина е само она што е успешно и корисно, што има практична вредност.
Англиски: pragmatism

прагматист повеќе

мн. прагматисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на прагматизмот.
Англиски: pragmatist

принцип повеќе

мн. приципи
Вид збор: Именка, машки род
Правило на поведение, гледиште убедување на некого.
Англиски: conviction Албански: princip, bindje

природа повеќе

(едн.) природата
Вид збор: Именка, женски род
Материјалниот свет што нѐ опкружува, сѐ што постои без учество на човековиот труд, со сите појави, законитости и услови на постоење на органскиот и неорганскиот свет.
Англиски: nature Албански: natyrë

пробабилизам повеќе

(едн.) пробабилизмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење според кое секое спознание и знаење може да биде само веројатно.
Англиски: probabilism

пролетаријат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Општествена класа на пролетери.
Англиски: proletariat Албански: proletariat

просветителство повеќе

(едн.) просветителството
Вид збор: Именка, среден род
Историска фаза, претходник на Француската револуција, во која преовладува рационализам и верба во напредокот; против суеверие, предрасуди и покорност пред авторитети.
Англиски: enlightenment

простор повеќе

мн. простори
Вид збор: Именка, машки род
Заедно со времето, еден од општите, основни облици или рамки на постоење на материјалниот свет, во кој секое нешто има свое определено место.
Англиски: space Албански: hapësirë

психологизам повеќе

(едн.) психологизмот
Вид збор: Именка, машки род
Пренагласување на психолошките аспекти во науката.
Англиски: psychologism
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш