проповед

мн. проповеди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8438
1. Реч со религиозно-поучен карактер, напишана или изречена, обично в црква по завршувањето на литургијата.
Англиски: sermon Албански: predikim
Употреба: Религија
Примери:
Верниците ја слушаа проповедта со внимание.
Зборници со црковни проповеди.
2. Поучна реч, обично здодевна и нерадо слушана.
Англиски: preaching Албански: predikim
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Доста туку ми држиш проповеди.