пронајде

пронајдат; пронајди, пронајдете; пронајдов, пронајдоа; пронашол, пронашла; пронајдев, пронајдеа, пронајдел; пронајден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 952
1. Открие, најде нешто што го немало дотогаш.
Англиски: invent Албански: gjej, shpik
Примери:
Група научници пронашле нов лек за оваа болест.
2. Со барање најде нешто што е загубено.
Англиски: discover Албански: gjej
Примери:
Заради клучот целата куќа ја пребарав, ама на крајот го пронајдов.
Археолозите пронашле златна маска.
Изведенки
1. пронајдува несв.
пронајдуваат
2. пронајдување ср.
глаг. им.