пронајде св.

пронајде (св.)

Го пронајдоа попладне, близу до гробиштата, искршен и празен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Негде пронајде две сламки, ги крстоса, насреде ја намести трошката.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стануваше сиот мисла исполнет внатре со судрувања и искри, гол и неуловлив за себе, и далечен, се подалечен кога сакаше да стаса до себе, да се испита и да се провери, во тоа проверување да го пронајде она непознато, она што го бараше толку време, или можеби во последните две ноќи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Јас ќе се убијам!“ пронајде во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сеедно, рече. Твојот пријател е лекар. Пронајди го.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И, за да се одрече од она што го немаше, со пакосна радост пронајде дека е дамкава, плашлива, молчалива, покорна пред слободата трепетливост на машките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пронајдоа втор арабаџија со исто толку жили на вратот како првиот и му побараа девет илјади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прелистува, превртува, рие... Пронајде една фотографија од децата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
После, како бруцош, пронајде и осми рид за еден Фројд. „Иване, вечерва гостува еден полициски челист“, му говореа. „Ќе дојдеш ли со нас?“ Ги држеше подалеку од себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пронајде русокоса, здрава историчарка, темна од сонце и со растопен корал под кожата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бараше со очите наоколу, да пронајде нешто што би можело да му послужи за играчка, па кога не можеше да најде ништо, легна врз откосената трева и ги стави рацете под главата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Залудно се мачиш со твоите сомневања. - Ох, мили, скап мој, како да го пронајдам оној збор што ќе го изрази она чувствување на жената како мене, слезена вака ниско.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш ја пронајде пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури тогаш ја пронајде својата пушка и ја насочи кон мршарот под себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И, ете така, како да почна и целото летување, верувајте! Зоки Поки ги пронајде радостите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Изгледаше многу сериозен и горд што ја пронајде трагата на крадецот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, тој пронашол дека мајка му го родила кај тетка му, која живее во центарот на горно маало.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не можев да ја пронајдам на таванот...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Старата ги пронајде тепсиите, ги зедоа и тргнаа дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе