приквечер

Вид збор: Прилог
Ранг: 15616
1. Непосредно пред да настапи вечер, пред самрак.
Англиски: evenings
Примери:
Приквечер се прибраа преморени.
Тој излегуваше секоја приквечер сам на прошетка.
2. Денес при крајот на денот, денес пред самрак.
Англиски: evenings
Примери:
Најдобро ќе биде да наминеш приквечер.
Изведенки
приквечер ж.
(ретко) Време при крајот на денот.
Пример: Веќе приквечер се стори.