приквечер (прил.)
Приквечер ме викна дома му и „ќе одиш та ќе одиш...“
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Некаде приквечер, кога капавиците од неговата стреа сосема секнаа, тој ја напушти таа празна работа и се тргна од прозорецот, изморен од напрегнувањата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Трајко и Куле го зедоа Бошевото магаре и приквечер Трајко го однесе Адема дома и му го растовари на Муарема пред кулата, за да го лекува анката две три недели.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но тој не знаеше дека додека младите газеа лепешки, бабите, во пондилите, топлеа полни котли вода, во која имаа ставено и боливач и босилек, за приквечер, кога снаите и чупите ќе ги изналепеа лепешките, да се измијат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ама сега не во улицата туку во населбата каде што приквечер се собираат луѓето да си поприкажат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но, по третата книга, „Пловидба кон Југ“, кога остарениот, бескуќен Мајстор заминува во топла приквечер, по кејот на бесконечната Река, знаев дека повеќе не ќе можам да пишувам за таков, премногу тврдоглав, намќорест и безнадежно упорен играч.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во една пролетна приквечер јас, Мито, Санде и две-три други деца си игравме под крушата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
„Леле, ми се пријаде!“ залелека Жарко. „Време е да се прибереме! Ајде, растур до приквечер!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Од неколкуте збора што можат да се извадат од целиот запис на Нико Кочо и од преданијата за убиството, може да се реконструира дека тоа се случило на петти септември 1877, приквечер.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Денот помина со свечен ручек подготвен со рацете и радоста на Пелагија, а попладнето, како повикани, се изнаредија Танаско со Пена, мајката Роса со Деспина, а приквечер Чана со Митра, ама без Дончо.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Приквечер, исто облечен како за на работа, излегуваше в град да се напие кафе - наут со другарите од младоста во една иста меана и да се договори со нив дали в недела ќе се качат на врв Водно или ќе појдат на Солунска Глава.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога тргнавме, беше приквечер. Застанавме во некое дуќанче на периферија на градот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Жените не им се гледаа надвор ако некој се приближуваше, но звукот на дајрето што најчесто приквечер го трепереше воздухот од нивната страна, му ја кажуваше на синот на Тајко тажната приказна на сите сиромаси кои усилената веселост ја користеа за прикажување пред светот на среќата што на богатите им недостасува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На неа, повеќето достојни наследници на солунските браќа и продолжувачи и на нивното дело, ќе се стореа ќори пијани. На 25 Мај се будат приквечер.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Приквечер беше сешто живнато. По џаде врвеше нагоре-надолу свет, дворовите се разбудија, а крчмите, три или четири, беа полни и шумни.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Истиот ден, некаде приквечер, дојде мајка ѝ: „Томе, сине, татко ти и јас имаме нешто многу важно со тебе да разговараме. Биди долу за половина час.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)