пратеништво

мн. пратеништва
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 35730
1. Група луѓе, делегација испратена со определена задача.
Англиски: delegation Албански: delegacion
Примери:
Сите народи испратија свои пратеништва пред царот.
2. Дипломатско претставништво на чие чело се наоѓа пратеник, како шеф на мисија од втора класа.
Англиски: legation Албански: legatë
Употреба: Дипломатија
3. Зградата во која се наоѓа такво претставништво.
Англиски: legation Албански: legacion
Употреба: Архитектура и градба , Дипломатија
Примери:
Визите се издаваат во пратеништвото.
4. (само едн.) Служба на пратеник.
Албански: funksioni i të deleguarit
Примери:
Пратеништвото е најпосакувана функција во земјата.