преслика

пресликаат; пресликал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 25290
1. Направи копија на слика, цртеж и сл.
Англиски: copy Албански: kopjoj
Примери:
Го преслика цртежот на ткаенината и почна да крои.
2. Во книжевно дело - даде, прикаже нешто онака, како што е во реалноста.
Англиски: reflect Албански: reflektoj
Употреба: Литература
Примери:
Авторот го преслика есенскиот пејзаж во прекрасни бои.
3. повтори, одрази
Англиски: repeat Албански: përsërit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не смее да се дозволи внатрешните пресметки да бидат пресликани на меѓународен план.
4. (се преслика) Се слика повторно, повеќе пати.
Албански: rifotografoj
Примери:
Фотографиите се замаглени и мора да се пресликаме.
Изведенки
1. пресликува несв.
(се) пресликуваат
2. пресликување ср.
глаг. им.