reflect - онтологија

дума повеќе

думаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дума) се мисли
Албански: mendoj
Употреба: Дијалектен збор

одблесне повеќе

одблеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбие светлина, создаде одблесок.

оддава повеќе

Види и: оддаде (св.)
оддаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Остава впечаток на тоа што го означува зборот со кој се поврзува.
Албански: reflekton

одрази повеќе

одразат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде, направи одраз, слика од нешто на некоја мазна површина (огледало, стакло, вода).
Албански: reflektoj
одбие, отсјае
Албански: reflektoj
Во уметноста - претстави, предаде.
Албански: paraqet, reflekton
(се одрази) Се одбие, се отслика нешто на некоја мазна површина.
Албански: reflektoj
(се одрази) За чувства, емоционални состојби - се покаже, се пројави.
Албански: reflektoj
Употреба: Преносно значење

одразува повеќе

Види и: одрази (св.)
(се) одразуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Создава, прави одраз, влијае, рефлектира.

осврне повеќе

(се) осврнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се искаже за нешто, земе на разгледување нешто.

отсјајува повеќе

отсјајуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оддава сјај, блесок.
Албански: reflekton
Се одразува, се огледува во нешто.
Албански: reflektohet
(се отсјајува) се одразува
Албански: reflektohet

подзамисли повеќе

Види и: замисли (св.)
подзамислат
Вид збор: Глагол, свршен
Се замисли малку, донекаде.
Албански: mendoj

подразмисли повеќе

Види и: мисли (несв.)
подразмислат
Вид збор: Глагол, свршен
Размисли малку, или малку повеќе.
(се подразмисли) Се размисли малку.

поуми повеќе

(се) поумат
Вид збор: Глагол, свршен
Се помисли, се замисли малку, кратко време.

преслика повеќе

пресликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Во книжевно дело - даде, прикаже нешто онака, како што е во реалноста.
Албански: reflektoj
Употреба: Литература

реперкуира повеќе

(се) реперкуираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се одбива, се јавува како реакција, противдејствува.

рефлектира повеќе

рефлектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За светлина, звук - одбива, одразува.
Албански: reflekton
Промислува, душевно разгледува.
Албански: reflekton
Употреба: Преносно значење
(се рефлектира) За светлина - се одбива од нешто.
(се рефлектира) Се одрази, се одразува, дојде, доаѓа до израз.

слика повеќе

сликаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се слика) Се појавува како во огледало.
Албански: pasqyrohet

шеста повеќе

шестаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(најчесто со дума) размислува, премислува
Албански: mendoj gjatë
Употреба: Разговорно