поразјаде

поразјадат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Разјаде, нагризе, оштети малку, во некој степен.
Примери:
’Рѓата го имаше поразјадено железото.
Влагата го поразјаде ѕидот.
2. Постепено уништи, разори нешто.
Примери:
Несогласиците го поразјадоа нивното пријателство.
Изведенки
поразјадува несв.
поразјадуваат