разјаде
разјадат; разјаден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16140
1.
За црвје, бацили - нагризе, надупчи.
Примери:
Црвје ги разјаде вратите.
2.
Со хемиски процес - разруши, повреди.
Примери:
Рѓата ќе го разјаде и железото.
3.
Погубно подејствува врз нешто, постепено уништи.
Примери:
Несогласиците ги разјадоа силите на отпорот.
4.
Направи некој да почне да јаде
Примери:
Ако седнеш со него, ќе те разјаде.