позлати

позлатат; позлатил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15383
1. Стави позлата на некој предмет.
Англиски: gild Албански: laj në ar
Примери:
Таа ги позлати обетките.
Златарот ги позлати прстените.
2. Направи да изгледа како злато.
Англиски: gild Албански: shkëlqej si ari
Употреба: Преносно значење
Примери:
Есента ја позлати шумата над патот.
3. Направи нешто благородно, добро.
Албански: bëj mirë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сѐ што допре, позлати.
4. (се позлати) Стане, добие изглед на злато.
Англиски: gild Албански: bëhet e art, shkëlqen
Примери:
Лицето ѝ се позлати од утринското сонце.
Изрази
Таа му го позлати патот - овозможи некому полесно да достигне нешто.
Устата да ти се позлати - она што го зборува некој да стане вистина, реалност.
Рацете да ти се позлатат - благослов за добро сторени дела.
Му се позлати работата - добие материјална или друг вид корист.
Изведенки
1. позлатува несв.
(се) позлатуваат
2. позлатување ср.
глаг. им.