позлати (св.)
Секоја утрина се будам млад како сонцето што далгите но сонот ги позлатува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
- Устата да ти се позлати, сестро, - кажи, стопи ми ја грутката во градиве... - се одѕва молежливо мајката и ја стави на градите раката украсена со скапоцени прстени.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Високо во воздухот, се позлатија и пламнаа кубињата од црквата Свети Климент.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А светлината, што ги усвити металните венчиња во електричните ламби, нанижани по таванот над целата просторија беше како некој мек, животен флуид, што ја одделуваше само таа просторија од сиот оној празноок, изгубен свет на сета дивина околу пиланата, позлатувајќи ја, благородена и одбрана меѓу сиот тој див простор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Наскоро се раздени. Сонцето огреа. Неговите зраци, откај Кајмакчалан, се лееја по градот и го позлатуваа...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сонцето ги позлати залистените врвови на дрвјата и навести прекрасен ден.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Да ти се позлати устата, ама за слатко немам заби, - рече чичкото па слатко, преслатко се напи вода.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Убав ден. Ни облаче, ни ветерче. Да им се позлати српот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја затече малата Снежанка како лежи крај својата нова мајка, ја погали нежно, при што лицето му се позлати со насмевка, па излезе надвор, затворајќи ја убаво кошарата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Да им се позлати српот, - си прошепна старецот, па ги сврте очите кон ледината над својата колиба, каде што некогаш во неговото вистинско време, пред повеќе од дваесетина години, се брануваа златни жита.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
О, стриче Лентен, сонот ви се позлатил.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Скастреното мустаче на татенцето му светна, му се позлати.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ги позлатува покривите, си прави место меѓу ѕидовите и оградите, го цеди медот меѓу гранките од дрвјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
До нив клекнал Трипун Караѓоз и ги подал рацете да се погрее. Пламенот му го позлатувал носот, очите му солзеле од чад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Цела мрежа зраци го позлатуваше пејсажот, и не можеше да се определи изворот на таа чудна, дифузна светлина.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На ум му падна и една друга света книга, некој псалтир, што ја беше видел кај струшкиот поп и од која овој му го прочита, со смеење, делот каде што пишуваше дека некој грешен јеромонах Данаил ја беше купил оваа книга од граматикот Тодор од охридското село Равне, и си ги дал за неа обетките од попадијата за позлатување и згора уште два перпера.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
БОРИС: Имам јас уште за упропастување, ај ти. А ти твојот го позлати.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Нема ништо да се позлати ако златен бумбар ти го облета шеширот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Да Ви се позлатат рацете. Ви благодарам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)