пеплоса

пеплосаат; пеплосал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18015
1. Претвори во пепел.
Англиски: turn to ashes Албански: bëhet hi
Употреба: Архаизам
Примери:
Коските му пеплосаа.
2. погоди, стане блед
Англиски: hit Албански: godas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му го реков тоа и го пеплосав.
А таа пеплоса лице.
Тој пеплоса од страв.
3. (се пеплоса) Се претвори во пепел.
Англиски: turn to ashes Албански: bëhet hi
Употреба: Архаизам
4. (се пеплоса) Побледне како крпа, посиве.
Англиски: turn pale Албански: zbehem
Примери:
Сиот се пеплосал во лицето.
Изведенки
1. пепелоса св.
пепелосаат
2. пепелосува несв.
(се) пепелосуваат
3. пеплосува несв.
(се) пеплосуваат
4. пепелосување ср.
глаг. им.
5. пеплосување ср.
глаг. им.