пеплоса (св.)
Тој се пеплосува, го менува лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На потсмев голем беше изложен отец Стефан Писмородецот (сега и од тука натаму Лествичник), и јас, иако не можев да го сакам, сепак го сожалував, оти од височини највисоки падна, како црн ангел согоре и се пеплоса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но она што најмногу ме згрози, беше неговото објаснување дека и вујна му Манасија се стаписала кога ја здогледала неговата алатка и божем извикала „Ох, сладок на вујна, таа твоја зажарена гламја колку ли куќи ќе пеплоса!“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Црни облаци се дигаа од земјата, молскавици од усвитено железо се вбиваа во живите тела на немоќните, град од железо ја толчеше земјата и долги јазици од пламен се истураа од небото и ја гореа и пеплосуваа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кревалката е да крева капаци од усвитени вршници да не пеплосаат предвреме и уште троа да потлеат старите мераци
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ќамуш пред дванаесет години го заврши животот во пожар што го пеплоса хотелот “Витоша” во Ќустендил.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Имено, кога Канети ставил точка и со тоа го завршил романот „Кант го пали огнот“ (работен наслов) во кој библиотеката на синологот ја пеплосуваат пламени јазици, почувствувал потреба да си го поврати изгубеното право на книгите затоа што ги жртвувал, како што самиот вели, за еден роман.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Таа ќе биде мој пораз. Ќе ме уништи и пеплоса.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)