пазар

мн. пазари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1005
1. Место каде се тргува.
Англиски: market place Турски: pazar Албански: treg
Употреба: Економија
Примери:
Го виде ли градскиот пазар?
2. пазарен ден
Англиски: market day Албански: ditë pazari
Употреба: Економија
Примери:
Во сабота е таму пазар.
3. купување
Англиски: shopping Албански: blerje
Употреба: Економија
Примери:
Одат на пазар, одат да пазарат.
4. промет
Англиски: turnover Албански: qarkullim
Употреба: Економија
5. Работа, договор за купопродажба.
Англиски: contact Албански: pazarllëk
Употреба: Економија , Правда , Разговорно
Примери:
Направивте пазар?
Никој не се удирал на пазар.
(разг.) Таков ни беше пазарот - така сме се договориле.
6. (економски) пазар
Англиски: market Турски: pazar
Употреба: Економија
Примери:
надворешен пазар
внатрешен (домашен) пазар
Изрази
Домашниот есап на пазар не излегува.
Изведенки
пазарче ср.
мн. пазарчиња
Пример: Зеленото пазарче