одговор

мн. одговори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 428
1. Возвраќање, исказ што се дава на поставено прашање.
Англиски: answer Албански: përgjigje
Примери:
точен одговор
краток одговор
чекаше одговор
духовити одговори
2. Писмо, изјава, објаснување во врска со нечие писмено јавување или барање.
Англиски: response Албански: përgjigje
Примери:
Сѐ уште немаше одговор на неговата молба.
Врати ми одговор на писмото.
3. Чин, постапка, гест што претставува реакција на нешто.
Англиски: answer Албански: përgjigje
Примери:
Молчеше во знак на одговор.
Место одговор, ме погледна предизвикувачки.
Непријателот престана со огнот чекајќи го нашиот одговор.