нишани

нишанат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 8914
1. Бара цел, насочува оружје со помошта на нишан кон целта.
Англиски: aim Албански: marr në shënjestër
Употреба: Воен термин
Примери:
Нишанеше долго и нерешително го одлагаше пукањето.
2. Има, пројавува некаква намера, се стреми кон некоја цел.
Англиски: aim Албански: synoj, shënoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Проникна во нејзините мисли и знаеше каде нишани.
Сфати веднаш каде нишани со тоа распрашување.
Изведенки
нишанење ср.
глаг. им.