завитка
завиткаат; завиткал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3982
1.
Замота, завие, обложи со нешто.
Англиски:
wrap
Албански:
mbështjell
Старецот го завиткал лулето во крпче.
Тој го завитка лицето со шалот.
Ја завиткаа во овчи кожи и ја понесоа на лесково носило.
2.
Даде валчест облик на нешто, свитка, намота во ролна.
Примери:
Двајцата завиткаа по една дебела цигара.
Слично со:
свитка (св.)
3.
Стегне, свитка, превитка нешто.
Примери:
Со клештата цврсто ја завитка жицата.
4.
Обвие, покрие со нешто.
Примери:
Сурова магла ја завитка долината во студенило и непровидност.
Градот беше завиткан во облаци од чад и прав.
Слично со:
обвие (св.)
5.
(се завитка) Се замота, се завие во нешто.
Примери:
Се завиткал во фереџе и така поминал покрај стражата.
Се завитка во понудената гуна и веднаш заспа.
Слично со:
замота (св.)
6.
(се завитка) Се обвие околу нешто.
Примери:
Змиите се завиткаа околу ногалките од столовите.
Изведенки
1.
завиткува несв.
(се) завиткуваат
(се) завиткуваат
2.
завиткување ср.
глаг. им.
глаг. им.