завитка (св.)
Парата во сто крпчиња ја завиткува!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А оти во завиткувањето децата ќе завиткаат други подолни „шеови“; оти крпите што ги пазарија ќе бидат расцепени и ќе станат од едната — две; оти тулбените и шамиите што ги гледаа со реси, ќе излезат дома без реси, тие се детински работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра слуша што зборува Доста, слуша и горни крај дали ќе вресне тоа кучило што го завитка во пелената.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На кинисување Нешка се засрами да си ја земе китката, ама Тода, како мајстор од занаетот, ѝ намигна со око и ѝ ја покажа, а таа тоа чекаше, ја грабна и ја завитка во ракавот, велејќи и фалејќи ѝ се на Тода со главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Својот подарок го става таа во рацете на молчеливиот борец и се врти кон дамкавиот партизан; тој некако завиткал тутун во парче од бугарски пропаганден леток, па сега очекува да мине некој со запалена цигара.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Стои меѓу восочните луѓе од репродукцијата на Рембрант, поклопен е со црн шешир и завиткан со црна пелерина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сончева полава и наезда на капка роса. тој немир ме завитка во кора и ме претвори во страшлиивец кој што нема нерв за страв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Извади тенеќиена кутија со тутун, без да брза завитка цигара.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако вашиот млад колега ме видел како капетан на брод и во битка со гусари, нема право во црно да ми го завитка разумот.“ „Мојот млад колега“, повтори старчето и ја сврте замагленоста на очилата кон Ивана.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пијана и слатка мака го завиткуваше во лесен облак.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ме разгледа мајката и бидејќи немав никаква мама, ме даде на продавачот, а пак тој стави врз мене едно моливче број два, нѐ завитка и така нѐ подаде на мајката чиешто девојче станало прваче.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Добро, - вели продавачот и им завиткува нешто во една хартијка. – Еве, деца. Децата излегуваат надвор.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ќе речат – си отидоа вчер или пред некој век Завиткани во многу студ и во малку грев И веќе ги нема.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
- Пак останав сам, пак... - си шепотеше и уште потажен од вчера, се завитка во својата осаменост.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ништо не рече, само уште повеќе се завитка во својата тага.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ако не беше патчето од двете страни заградено со висока папрат, па не можеше да се скршне ни лево ни десно, во полутемнината, која веќе се завиткуваше околу планината, Бојан не ќе можеше да ја пронајде колибата на дедо Иван.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А јажето завиткај му го на вратот на Белуш. Убаво, да не го загуби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се облече убаво, се завитка со шал, ја крена јаката на палтото и со пушката в рака, излезе надвор.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)