довикне

довикнат; довикни, довикнете; довикнав, довикнаа; довикнал; довикнат; довикнев, довикнеа; довикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7830
Повика некого, вика гласно по некого од извесна далечина; со викање соопштува нешто од извесна далечина.
Англиски: shout
Примери:
Кога сакав да си одам, ми довикна, но јас не сакав да го чујам.
Исплашен тој едвај стаса да им довикне на другарите: - Лежете!