довикне (св.)
Гледајќи ги децата како стојат нерешително крај патот, стариот селанец што се возеше во нив им се сврте и весело им довикна: На каде, дечиња.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Ако мислите да почивате, - му довикна на Претседателот низ густиот рој снежинки, што виореа меѓу нивните лица со побелени веѓи, - почивајте откако ќе ја префрлите Големана Пресека. Немојте никако пред тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ додека сета таа развресканост не почна да се собира сѐ околу еден чуден, можеби и недостатно осмислен, но и највистински повик, што имаше тој да ѝ го довикне на морничавата сивина: - Дај луѓе. Даааааааааај лууууууууууууѓеееееееееееееееееј...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Тие не се твои! - довикнав низ прозорецот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Пријатен појадок! - му довикна Полжавот и се упати кон соседниот џбун.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И видов дојките нејзини кои светлината небеска како ѝ се поткреваа и чув Бог како ѝ довикна: Марија, веќе зора е... Така ми исчезна во сонот Во птица престорена.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Не прави се важен, - му довикна оној глас, - нема кој не паднал. Кејтеновиот син ја нишна главата кон земјата, а штом тоа ќе го правеше, тогаш беше попусто да го разубедува човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И никој веќе не се сомневаше дека најпосле и на овој проблем ќе му се стави точка, кога однекаде пак, по којзнае кој пат, се јави нејзиниот глас, рече: - Ајдете, - ни довикна, - што сте замрзнале, одете!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Од кујната доаѓаше прекрасен мирис на кифлички со мармалад и по некое време мајка ми ми довикна: - Ведане, дојде малку!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Мамо! - ѝ довикнав во моментот кога влегуваше внатре.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Некои твои колеги сфатија дека парите се во Митко, и тоа не пари, туку марки и зелени хартии, - му довикна Спасе-Грав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ги крена очите кон мене. „Ѓаволот му е ортак на Никола Влашки“, ми довикна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ех, небитница, како ќе ви кажам ... Кажи им, му довикнал оној бабуњосан Адам Лесновец и веќе самиот раскажувал: - Штипскиот бег Кара-Мурат сосила ни ги зеде камењата пред три дни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зафатена со својата работа жената му довикна: „Што се случило, Хернандо?“ „Ништо“, ѝ одговори тој.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Затегнувајќи ги јажињата на елените, Дедо Мраз довикна: - Еленчиња мои, што ви стана, зар сте пијани?!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- А јас? А јас? – Довикна и Нероден Петко клечешкум.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кога ме испраќаше на скалите, ми довикна: - Немој да заборавиш да го адресираш писмото за Игбал, па утре ќе го испратиме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тамам ќе го довикнев во сеќавањата, мислите ќе ми отидеа кај Ивана, кон нашата разделба на аеродромот, кон нејзиното последно завртување накај мене пред да влезе во авионот и нејзиниот израз на лицето што ме бара низ луѓето кои стоеја пред аеродромската зграда и ги испраќаа со поглед своите блиски.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ме видоа како се качувам по скалите да влезам дома и Џорџ ми довикна. „Еј, Симон“, вели, „не роди врбата!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)