возвиши
возвишат; возвишил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 34282
1.
Крене, дигне нешто нагоре.
Примери:
Ја возвиши кротката душа над грешното тело.
2.
Високо оцени, даде големо значење на нешто, издигне на висок степен.
Примери:
Ги зголеми и ги возвиши неговите подвизи.
Сака да ја возвиши својата личност.
Тој ја возвиши и ја зацврсти словенската писменост.
3.
(се возвиши) Се извиши, стои над нешто или некого.
Примери:
На сите им беше јасно колку тој се изделил и се возвишил.
Слично со:
извиши (св.)
4.
(се возвиши) Се здобие со повисоки морални вредности.
Примери:
Неговата љубов се возвиши до највисоки мечти и соништа.
Изведенки
1.
возвишува несв.
(се) возвишуваат
(се) возвишуваат
2.
возвишување ср.
глаг. им.
глаг. им.