куќа

мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 93
1. Градба со ѕидови и покрив што служи за живеење.
Англиски: house Албански: shtëpi
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Градат куќа.
Купија нова куќа.
Ја чисти куќата.
2. Тоа што служи како живеалиште.
Примери:
кучешка куќа
3. Род, семејство, домаќинство, родителски дом.
Англиски: home Албански: shtëpi të prindërve
Употреба: Преносно значење
Примери:
Комита куќа не гледа.
Си замина од куќата.
Зедоа невеста од добра куќа.
4. установа, претпријатие, фирма
Англиски: house Албански: firmë
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
театарска куќа
издавачка куќа
трговска куќа
5. Во селска куќа - просторија во која се наоѓа огништето и каде што се готви.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë
Употреба: Архаизам
Примери:
В куќа се сиреше млекото.
Изрази
Куќи куќа - создава домаќинство.
Јавна куќа - бордел.
Луда куќа - општ хаос, големо безредие.
Вечна куќа - гроб.
Плаче куќа за куќница - домаќинка домот го одржува.
Нема ни куќа ни куќнина - сиромав, незадомен.
Ја дигна/крена куќата на глава - направи хаос дома.
Врти куќа - добар домаќин е.
Своја куќичка - своја слободичка - дома си најслободен да правиш што сакаш.
Изведенки
1. куќаре ср.
мн. куќариња
2. куќарка ж.
мн. куќарки
дем.
3. куќарче ср.
мн. куќарчиња
дем.