куќа
мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 94
1.
Градба со ѕидови и покрив што служи за живеење.
Примери:
Градат куќа.
Купија нова куќа.
Ја чисти куќата.
Вид: градба (ж.)
2.
Тоа што служи како живеалиште.
Примери:
кучешка куќа
Слично со:
живеалиште (ср.)
3.
Род, семејство, домаќинство, родителски дом.
Примери:
Комита куќа не гледа.
Си замина од куќата.
Зедоа невеста од добра куќа.
Слично со:
дом (м.)
4.
установа, претпријатие, фирма
Примери:
театарска куќа
издавачка куќа
трговска куќа
Слично со:
фирма (ж.)
5.
Во селска куќа - просторија во која се наоѓа огништето и каде што се готви.
Примери:
В куќа се сиреше млекото.
Слично со:
огниште (ср.)
Изрази
Куќи куќа - создава домаќинство.
Јавна куќа - бордел.
Луда куќа - општ хаос, големо безредие.
Вечна куќа - гроб.
Плаче куќа за куќница - домаќинка домот го одржува.
Нема ни куќа ни куќнина - сиромав, незадомен.
Ја дигна/крена куќата на глава - направи хаос дома.
Врти куќа - добар домаќин е.
Своја куќичка - своја слободичка - дома си најслободен да правиш што сакаш.
Изведенки