висина
мн. висини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1712
1.
Вертикална димензија, вертикално растојание од подножјето на некое тело до неговиот врв.
2.
Вертикално растојание од земјата или од некоја друга хоризонтална површина.
Англиски:
level
Албански:
lartësi, nivel
Црквата е ѕидана во висина на земјата.
3.
Просторот високо над земјината површина, кон небото.
Примери:
Птицата стаса до една одредена висина, застана за момент, и пак се устреми кон езерската шир.
Авионот се искачи во висините.
4.
Возвишено место, височина.
Примери:
Висината на планината импресионираше.
Слично со:
височина (ж.)
5.
Раст, израстеност (на човек, на растение).
Примери:
Висината на катетата е 12 см.
Слично со:
раст (м.)
6.
Степен на квалитет, ниво на развиток, на зрелост.
Примери:
Тој секогаш беше на висина на својата задача.
7.
Особина на звукот која зависи од бројот на треперењата на изворот во секунда.
Примери:
Во салата одекнаа високите тонови на виолината.
Стиховите се рецитираат со одредена тонска висина.
8.
Големина на броен или паричен износ.
Примери:
Висината на кредитот зависи од месечните примања на барателот.
Изрази
Надморска висина - висина од нивото на морето до некоја точка на релјефот.
Гледа, зборува од висина - се крева на големо, се прави важен.
Губи висина - наеднаш, нагло паѓа при лет.
Од олимписка висина - надуено.
Изведенки
висински прид.
висинските
Што се однесува на висина.
Пример: висинска разлика
висинските
Што се однесува на висина.
Пример: висинска разлика