муцка

мн. муцки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2536
1. Предниот дел од главата на некои животни (коњ, куче) со носот.
Англиски: snout Албански: turin, feçkë, noçkë
Примери:
Песот лежеше со муцката на шепите.
Срните ги подаваа муцките кон децата.
Воловите фатија пена на муцките.
2. Неубаво, грозно лице.
Англиски: snout Албански: feçkë, turin
Употреба: Преносно значење
Примери:
Види му ја муцката.
Муцките им се грозни.
3. Уста, вилица (на човек).
Англиски: trap Албански: turin
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Го плесна по муцката.
Ќе ти ја разбијам муцката.