момче
мн. момчиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 511
1.
Дете од машки пол.
Примери:
Две момчиња си играа во дворот.
мало момче
Спротивно од:
девојче (ср.)
2.
Лице од машки пол во преодна возраст од детство кон зрелост.
Примери:
Момчето полнеше шеснаесет години.
Момчето ги отвори очите и го бараше татка си.
3.
Младич, млад маж.
Примери:
голобрадо момче
Бевме сиромашни млади момчиња.
стројни момчиња
срамежливо момче
Слично со:
ерген (м.)
5.
сопруг, маж
Примери:
Момчето ѝ е на печалба.
Момче се спрема на гурбет да оди, млада невеста пред коња стои.
Слично со:
сопруг (м.)
Изведенки
1.
момченце ср.
мн. момченца
дем. и хип.
мн. момченца
дем. и хип.
2.
момчуле ср.
мн. момчулиња
дем. и хип.
мн. момчулиња
дем. и хип.
3.
момчиште ср.
мн. момчишта
аугм. и пејор.
мн. момчишта
аугм. и пејор.