кафез

мн. кафези
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2941
1. Простор затворен cо мрежа или решетки или куќичка за птици, живина или помали животни.
Англиски: henhouse Турски: kafes Албански: kafaz
Примери:
Папагалите ги сместија во убав кафез.
Види да не замрзнало некое пиле во кафезите.
2. Просторија за чување, затворање на диви животни.
Англиски: cage Турски: kafes Албански: kafaz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Застанаа пред кафезите со лавови.
3. Тоа што ограничува, што запира некого или нешто.
Англиски: prison Албански: kafaz, burg
Примери:
Се чувствуваше како во кафез.