кафез м.

кафез (м.)

В ѕидот, пак, ко в кафез птички крилца го кршат тие гласот свој. Ткаејќи, таа слушна плач.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ја залепил главата на решетките од кафезот и таинствено се насмевнал.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никој, ни старецот - птица од својот вратарски кафез, ни болничарките.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Слабите раце на Август ги прегрнуваат решетките на кафезот, малата паметна глава е скоро провлечена помеѓу две јаки железа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бегајте низ кавезот звучен глуво и безнадежно.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Август се трга од кафезот и го брише десното око. Зад решетките трепери голема сенка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше бел кафез и потсетуваше на плод од бес, на бела пена.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Птицо, дали ѕвони златото во твоето грло зад решетките на ваков кафез?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите птици се в шума, зошто тој да биде в кафез.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Јајца в кавез петел чува. Девет дињи оро водат, во шупелка тиква дува и морков на тапан чука.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
По цел ден одеше од соба в соба, како ѕвер затворен в кафез и смислуваше начин како да ги собере маслинките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од тоа срцето на Висар му се штрекнуваше и му трепереше како на птица вклештена во кафез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Им направи кафез во дворот и почна да ги храни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А кога ја виде во фармата кај Полин и кога ѝ викна: мац, - таа низ истата дупка низ која влегла во кафезот, излезе надвор, а по неа и сите мачки до една излегоа надвор: почнаа да трчаат по мачката од питропот Танаско и се распрснаа по сето село.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ме затвораа во кафези, ме јадеа ѕверови, бегав од вештерки и кога се разбудив ја сетив топлата нежна рака на татко ми врз моето лице и неговиот загрижен глас што ме викаше по име.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш се досети една слоница, што живееше во еден соседен кафез.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во твојот златен кафез затворена песната моја ќе секне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Мене ми е подобро во кафезот што сончевите зраци го плетат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И во темницата скржаво ќе ги подотвори нозете, небаре вратниче од кафез со диво пиле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе