измете

изметат; измети, изметете; изметов, изметоа; измел; (ќе) изметев, (ќе) изметеа; (ќе) изметел; изметен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15088
Исчисти со метла некаква површина (плоштина) отстранувајќи го ѓубрето или какви и да било странични предмети од неа.
Англиски: sweep
Примери:
Девојчињата го изметоа дворот.
Станарите од зградата го изметоа снегот од тротоарите.
Изведенки
1. изметува несв.
изметуваат
2. изметување ср.
глаг. им.