зачеток

мн. зачетоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 12246
1. Почеток, навестување на нешто.
Англиски: beginning Албански: fillim
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Зачетокот на лирската поезија е уште во народната поезија.
Зачеток на нова ера.
2. ембрион, фетус
Англиски: embryo Албански: embrion, fetus
Употреба: Медицина
Примери:
Зачетокот е заштитен во утробата на мајката.
Безгрешен зачеток.