затворач

мн. затворачи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 16039
1. Подвижен дел, механизам на огнено оружје кој служи за затворање на куршумот во цевката, за истрелување и за исфрлање на празните чаури.
Англиски: lock, shutter Албански: mbyllës, ndalues
Употреба: Воен термин
Примери:
Го чистеше затворачот на пушката.
2. Тоа со што се затвора нешто.
Англиски: closer Албански: shtupë, tapë
Примери:
На масата стоеја неколку чаши и шише со изваден затворач.