замрачи

замрачат; замрачил; замрачен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13542
1. Направи нешто да стане мрачно, спречи видливост на нешто.
Англиски: darken Албански: errësoj
Примери:
Тој ги замрачи прозорците со ќебиња.
Облаците го замрачија хоризонтот.
2. Се смурти, се намурти.
Англиски: darken Албански: mrrolem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Темна сенка го замрачи неговото лице.
3. (се замрачи) Настапи мрак, се затемни.
Англиски: darken Албански: errësohet
Употреба: Безлично
Примери:
По еден час во шумата веќе се замрачи.
Небото наеднаш се замрачи.
4. (се замрачи) се смурти
Англиски: darken Албански: errësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговото лице се замрачи.
Изведенки
замрачува несв.
(се) замрачуваат