замрачи св.

замрачи (св.)

Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш знаеше, само навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја запали светилката и појде да го замрачи прозорецот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сомневањето е само темен мачител што сака да ја замрачи и да ја замори свеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пет минути и отровот ќе му ја замрачи свеста и ќе го фрли во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа — одговори Толе, придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фати пладнина време. „Кој ќе издржи до мрак?'се прашаше секој четник во себе, а бимбашијата се плашеше да не се замрачи, та и оттука да му се извлечкаат комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога се скри сонцето, кога се замрачи убаво, војводата го крена ќумбето полно со жарје и со гламни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога почна да се замрачува, почнаа и нозете да ми натежнуваат. Како од кал да ги вадам, од батачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сетивме кога се замрачи. Вечерта пак в окопи. Пред окопите ни паѓаат гранати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само тој знае какви тревки и корења треба да се собираат за да му го замрачат умот, за да го доведат до некаква рамнодушност спрема сѐ што се случува околу него, да го оттргнат од луѓето и од грижите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Надвор се замрачи, а и во одајава не се гледаме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ходникот е замрачен, и зракот светлина што се пробива од дневната соба постепено се губи, пред прагот да се распрсне во бледа магла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во селото е веќе замрачено: сите сенки полегнале покрај ѕидовите од куќите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш знаеше, навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
За душите на тие над кои шеесет години замрачи мрак, запаливме свеќи за да засвети светлина над нив, да болсне светленце и да заживее и остане траен споменот за нив дека не се заборавени...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во расказите, како и во романите, Џојс го опишува неговиот роден град Даблин од мошне необична перспектива: како непристрасен, невидлив и безличен наратор, а во исто време страсно, живописно и изнијансирано, со искосен, замрачен и меланхоличен поглед, свидетелски и дистанциран истовремено...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)