ежи

(се) ежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 12385
1. За животно - е во состојба на надразнување така што влакната, пердувите му се креваат нагоре како боцките на еж.
Англиски: bristle Албански: tërqethet
2. За косата, влакната на кожата на човекот - се крева, се накострешува (од студ, од страв).
Англиски: goosebump Албански: tërqethem
Примери:
Кожата ми се ежи.
Се ежи од помислата дека треба да патува со авион.
Изведенки
ежење ср.
глаг. им.