домашен

домашни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1232
1. Што се однесува на домот, на семејството.
Англиски: house Албански: shtëpijak
Примери:
домашна адреса
домашно воспитување
домашен лекар
домашна послуга
домашни помошнички
2. Што се носи, се употребува само дома.
Англиски: house Албански: shtëpi
Примери:
Беше облечена во домашниот износен фустан.
Се појави на балконот во домашна наметка.
Беа облечени во стари домашни алишта.
3. Што е направен, изработен дома (а не во фабрика или на друго место).
Англиски: home Албански: shtëpijak
Примери:
домашна ракија
домашно производство
домашно платно
домашна задача
4. Што се однесува на местото во кое се живее, на сопствената земја, на татковината.
Англиски: own Албански: i vet
Примери:
домашни производи
домашна кујна
домашна публика
домашни писатели
5. Што живее со човекот, што е питом, што се одгледува.
Англиски: domestic Албански: shtëpiak
Употреба: Ботаника , Зоологија
Примери:
домашна пајка
домашна пчела
домашни птици
домашни животни
домашна лоза
Изрази
Домашниот есап на пазар не излегува - планирањето на некоја работа не зависи само од нас.