домаќин

мн. домаќини
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2171
1. Лице што управува со куќата, со домот; глава на семејството.
Англиски: head of household Албански: kryefamiljari
Примери:
Секој домаќин си остава наследник на куќата.
Многу домаќини ги напуштија своите огништа.
2. Лице што добро го води своето домаќинство; чесен, угледен, богат човек.
Англиски: host Албански: mikpritës
Примери:
Тој беше умен домаќин што знае да стави пара врз пара.
Сватовите беа чесни луѓе и добри домаќини.
Тој е еден од првите домаќини во селото.
3. Лице што прима некого како гостин.
Англиски: host Албански: mikpritës
Примери:
Домаќинот ги покани гостите да се напијат.
Гостинот и домаќинот си ги сретнаа погледите.
Домаќините ги поканија гостите за вечера.
4. Лице (правно или физичко) што организира некаков собир, прослава и сл.
Англиски: organizer Албански: organizator
Примери:
Најголем број учесници на конгресот беа од земјата домаќин.
Му се заблагодари на домаќинот за добриот пречек и условите што ги имале.
5. Службено лице што се грижи за набавките во некоја фирма, установа и сл.
Англиски: caretaker Албански: kujdestar
Примери:
Работи како домаќин во едно училиште.
6. сопруг, маж
Англиски: husband Албански: burri
Употреба: Разговорно
Примери:
Покојниот домаќин мој ми кажувал за него.
Домаќине, кутри домаќине, кому ме остави црна кукавица!
7. Клуб, екипа на чијшто терен се игра некој натпревар.
Англиски: home team Албански: ekip
Употреба: Спорт
Примери:
Во редовите на домаќинот настапија и двајцата наши репрезентативци.
Целосната доминација на теренот му ја препуштивме на домаќинот.