волк
мн. волци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1242
1.
Диво крволочно животно од фамилијата на кучињата, со сивкаво крзно, кое во текот на зимата лови во глутница.
Примери:
уловен волк
Завиваа волци.
глутница волци
Вид: животно (ср.)
2.
Искусен во својата професија (борец, морнар, мајстор).
Примери:
Стар волк е тој.
Изрази
Морски волк - искусен морнар.
Стар волк - искусен човек.
Волк во јагнешка кожа - злобник, лицемер што се крие под маската на доброто однесување.
Ние за волкот зборуваме, а волкот на врата - се вели за некој што ќе дојде токму во моментот кога се зборува за него.
И волкот сит и овците на број - се вели кога некој сака истовремено да задоволи две противставени страни.
Волкот влакното го менува, ама ќудта не ја менува - се вели за некој што не го менува својот карактер (обично лош).
Изведенки