витрина

мн. витрини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7712
1. Застаклен орман, полица за сместување предмети што треба да се гледаат.
Англиски: glass cupboard Француски: vitrine Албански: vitrinë
2. Место во продавница кон тротоарот за изложување, рекламирање на стоката.
Англиски: showcase Француски: vitrine Албански: vitrinë
Употреба: Економија
Примери:
Книжарска витрина.
Во витрината имаше кристал и стаклени фигури.