бучкуруш

мн. бучкуруши
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 32002
1. Јадење подготвено од несоодветни состојки.
Примери:
Министер ли да сркне и да проба од бучкурушот?
Честопати се случуваше да не пробам воопшто од бучкурушите на свекрва ми.
2. Мешавина од несоодветни работи.
Англиски: jumble, disorder
Употреба: Преносно значење
Примери:
Аман бе деца, бучкуруш ќе направите, не мешајте се.
Изведенки
бучкуруш прид.
(прен.) лош, несоодветен
Пример: бучкуруш вино