богатство

мн. богатства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1742
1. Големо количество материјални добра што некој ги поседува.
Англиски: wealth Албански: pasuri
Примери:
бесценето богатство
Тој стекна големо богатство тргувајќи со брашно.
2. Природни добра, руди, шуми и сл.
Англиски: riches Албански: pasuri
Примери:
Тие ги експлоатираат рудните богатства на нашата земја.
природни богатства
3. Изобилство на духовни блага, добра и особини.
Англиски: abundance Албански: begati, pasuri
Употреба: Преносно значење
Примери:
Богатството на нејзината душа ги пленеше сите што ја познаваа.
духовни богатства